Царински декларант
lidlstiftup2 · Скопје, MK
About The Role
За нас Ние во Лидл веруваме дека сѐ што е добро, може да биде уште подобро! Затоа никогаш не запираме со надоградување и заедно растеме и се развиваме. Како интернационална компанија, нашите вработени се срцето на нашиот #teamlidl, а нашите корпоративни вредности и култура каде секој се чувствува свој нѐ обединуваат и прават посилни – ширум сите Лидл земји! Стани и ти дел од нашиот тим! Твои задачи Усогласено обработување на царински, надворешно-трговски, увозни давачки и акцизи за целокупното прекугранично движење на добра со сите други поврзани задачи и активности Активна поддршка како контакт лице за сите проблеми во царински и надворешно-трговски постапки Почитување и исполнување на сите законски прописи и интерни насоки на компанијата како и идентификување на царинските ризици Утврдување на тарифни ознаки за стоки и подготвување на царински декларации за сите царински постапки Размена на информации со надлежната царинска служба преку NCTS системот и обработка на барања и дозволи од системот за електронски дозволи EXIM Подготовка на документи во врска со постапките за царинење на стоки и контакт со царински органи и инспектори од различни институции за увоз/извоз на стоки Тековна комуникација со оперативните организациски или функционални области на набавки и обработка на стоки Твој профил Универзитетска диплома (пожелно од областа на економија, бизнис логистика, царина и шпедиција) Релевантно работно искуство Возачка дозвола – Б категорија (активен возач) Поседување на лиценца за застапување во царински постапки ќе се смета за предност Познавање на англиски и македонски јазик, германскиот јазик е предност Подготвеност за патување во странство на обука во период од 3 месеци Што нудиме Работа во интернационална средина со многу можности за учење, раст и развој Можности за обука во странство Стимулативна работна средина и одлична организациска култура Атрактивен компензациски пакет Приватно здравствено осигурување FitKit месечен буџет Пакет за добредојде на новите вработени
This is an external listing. JobSpring does not represent or verify the employer. Report this listing
JobSpring