Skip to content
← Back to job listings

Специјалист за работно право и HR усогласеност

lidlstiftup2 · Скопје, MK

External listingfull-timeRecently

About The Role

За нас Ние во Лидл веруваме дека сѐ што е добро, може да биде уште подобро! Затоа никогаш не запираме со надоградување и заедно растеме и се развиваме. Како интернационална компанија, нашите вработени се срцето на нашиот #teamlidl, а нашите корпоративни вредности и култура каде секој се чувствува свој нѐ обединуваат и прават посилни – ширум сите Лидл земји! Стани и ти дел од нашиот тим! Твои задачи Следење и анализа на работното право, измена и прилагодување на внатрешната регулатива, како и редовно ажурирање на документите кои произлегуваат од работните односи Поддршка во областа на усогласеност со работното законодавство и локализација на проекти Развој, управување и мониторинг на системот за управување со усогласеноста во областа на човечките ресурси (HR Compliance Management System) Анализа на постојните или потенцијалните ризици за усогласеност во областа на човечките ресурси и креирање мерки за елиминирање или намалување на таквите ризици Координација и поддршка на функционалните сектори при воведувањето на контролите и мерките за усогласеност во областа на човечките ресурси (HR compliance) Советување на тимот за глобална мобилност за прашања и документација во врска со работното право, имиграционото право и правото на социјално осигурување Советување за прашања поврзани со усогласеноста во областа на човечките ресурси (HR compliance), како и координација и размена со секторите за работно право и меѓународната усогласеност во ЧР (HR Compliance International) Твој профил Завршено високо образование од областа на правото Најмалку 1 година претходно професионално искуство во работно право и/или HR усогласеност Течно познавање на англиски јазик Што нудиме ● Работа во интернационална средина со многу можности за учење, раст и развој ● Можности за обука во странство ● Стимулативна работна средина и одлична организациска култура ● Атрактивен компензациски пакет ● Приватно здравствено осигурување ● FitKit месечен буџет ● Пакет за добредојде на новите вработени

This is an external listing. JobSpring does not represent or verify the employer. Report this listing