Специјалист за обезбедување квалитет
lidlstiftup2 · Скопје, MK
About The Role
За нас Ние во Лидл веруваме дека сѐ што е добро, може да биде уште подобро! Затоа никогаш не запираме со надоградување и заедно растеме и се развиваме. Како интернационална компанија, нашите вработени се срцето на нашиот #teamlidl, а нашите корпоративни вредности и култура каде секој се чувствува свој нѐ обединуваат и прават посилни – ширум сите Лидл земји! Стани и ти дел од нашиот тим! Твои задачи Организирање на процесот на испитување на примероци од производите, вклучително и процесот на ревизија и сензорни тестирања и известување за наодите Следење на усогласеноста со сите закони и регулативи, како и интерни стандарди и постапување со приговори во случај на неусогласеност Oсигурување дека сите производи од храна до производи за домаќинството ги исполнуваат законските, договорните и стандардите за квалитет преку постојани тестирања и процени Надгледување на контролата на квалитетот за категории како месо, риба, вино и други категории на производи Процена на ризици од рекламации од потрошувачи, резултати од ревизија, извештаи од добавувачи и од регулаторни органи Внесување на податоци во систем од аналитички и ревизорски извештаи и извештаи од регулаторни органи Комуницирање со лаборатории за анализа на храна, добавувачи, институции, клиенти во врска со законските и интерните барања за квалитет и други технички прашања Твој профил Универзитетска диплома (Технолошки факултет, Факултет за земјоделство и храна или друг релевантен факултет за природни науки) 1 – 2 години релевантно работно искуство во областа (по можност поврзано со лабораториска анализа и контрола на квалитет на храна) Возачка дозвола – Б категорија (активен возач) Целосно познавање на Microsoft Office и солидно познавање на Google Workspace Прилагодливост, флексибилност и одлични организациски вештини за работа во динамична средина Потребно е солидно познавање на англиски и македонски јазик, германскиот јазик е предност Подготвеност за обука во странство во период од 6 месеци Што нудиме Работа во меѓународна средина со многу можности за учење, раст и развој Можности за обука во странство Стимулативна работна средина и одлична организациска култура Атрактивен компензациски пакет Приватно здравствено осигурување FitKit месечен буџет Пакет за добредојде на новите вработени
This is an external listing. JobSpring does not represent or verify the employer. Report this listing
JobSpring