Skip to content
← Back to job listings

Специјалист за администрација на човечки ресурси

lidlstiftup2 · Скопје, MK

External listingfull-timeRecently

About The Role

За нас Ние во Лидл веруваме дека сѐ што е добро, може да биде уште подобро! Затоа никогаш не запираме со надоградување и заедно растеме и се развиваме. Како интернационална компанија, нашите вработени се срцето на нашиот #teamlidl, а нашите корпоративни вредности и култура каде секој се чувствува свој нѐ обединуваат и прават посилни – ширум сите Лидл земји! Стани и ти дел од нашиот тим! Твои задачи ● Учестува во подготовката на документација за новите и тековните вработени и се грижи за комплетноста на истата (вклучително и регистрација на вработувањето и промените во Агенција за вработување). ● Врши прибирање, евиденција и обработка на податоци за вработените поврзани со нивното вработување, нивните основни податоци како и податоци за редовноста на вработените (присуства, отстуства- платени и неплатени). ● Одговора за точноста на податоците во системите за човечки ресурси и се грижи и за редовно ажурирање на нивните промени во согласност со законот за заштита на податоци ● Ги следи документите и податоците од времен карактер ● Лице за контакт и поддршка на вработените во врска со прашања за вработувањето и работните односи ● Подготовка на документи во врска со работен однос (Решенија за годишен одмор, Овластувања, Потврди за работен однос, препораки и сл). ● Изготвува административни извештаи за потребите на секторите ( за вработените, присуства, отсуста) и врши административни работи поврзани со престанок на работен однос и раздолжување на вработените ● Работа на проект во период од 2 години Твој профил ● Високо образование ● Пожелно 1 година искуство во иста или слична област ● Познавање на англискиот јазик ● Способност за соработка и тимска работа ● Ориентираност кој резултати и способност за приоритизирање ● Организациски способности Што нудиме ● Работа во интернационална средина со многу можности за учење, раст и развој ● Можности за обука во странство ● Стимулативна работна средина и одлична организациска култура ● Атрактивен компензациски пакет ● Приватно здравствено осигурување ● FitKit месечен буџет ● Пакет за добредојде на новите вработени

This is an external listing. JobSpring does not represent or verify the employer. Report this listing