Консултант за Набавки - Овошје, зеленчук, цвеќиња и растенија
lidlstiftup2 · Скопје, MK
About The Role
За нас Ние во Лидл веруваме дека сѐ што е добро, може да биде уште подобро! Затоа никогаш не запираме со надоградување и заедно растеме и се развиваме. Како интернационална компанија, нашите вработени се срцето на нашиот #teamlidl, а нашите корпоративни вредности и култура каде секој се чувствува свој нѐ обединуваат и прават посилни – ширум сите Лидл земји! Придружи се на динамичниот #teamlidl и стани дел од нашата успешна приказна! Твои задачи Oбезбедување оптимална набавка на овошје и зеленчук / цвеќе и растенија во рамките на најдобриот можен сооднос цена/перформанси и квалитет Учество во креирање на асортиманот во областа на овошје и зеленчук / цвеќе и растенија на национално ниво Одредување на продажната цена, како и имплементација и континуирана контрола на продажната цена Обезбедување оптимална достапност на производите и понатамошен развој на националното портфолио на добавувачи Континуирана контрола и тестирање на договорените квалитети Учество во планирањето и контролата на национални промотивни активности Развој на нови и понатамошен развој веќе постоечки производи Твој профил Минимално завршено средно образование Минимално две години рaботно искуство во иста или слична позиција Задолжително одлично познавање на англиски и македонски јазик, познавање на германски јазик е предност (компанијата ќе обезбеди интензивни курсеви за јазик) Одлично познавање на MS Office Возачка дозвола Б категорија – активен возач Прилагодливост, флексибилност и одлични организациски вештини со кои ќе можеш да се справиш со задачите и рутините во динамична средина Подготвеност за патување во странство за обука во период од 6 до 9 месеци Што нудиме Работа во меѓународна средина со многу можности за учење, раст и развој Можности за обука во странство Стимулативна работна средина и одлична организациска култура Атрактивен компензациски пакет Приватно здравствено осигурување FitKit месечен буџет Пакет за добредојде на новите вработени
This is an external listing. JobSpring does not represent or verify the employer. Report this listing
JobSpring